Сите ние сакаме лето, одмор и сонуваме за бронзен тен.
И …. најчесто поставеното прашање е: Како можам побрзо да се здобијам со прекрасен бронзен тен и притоа истовремено да ја заштитам кожата од штетното УВ зрачење?
Дали да појдете во првата аптека и да купите заштитен фактор против зрачење и брзо потемнување на кожата? Или пак да се свртите кон природните производи што ги имате околу себе. Можете да добиете бронзен тен без интензивно сончање со конзумација на храна богата со бета-каротен како морков, домат, спанаќ, лубеница, црвен грејпфрут итн. Бета-каротенот е хербален црвено-портокалов пигмент кој се состои во растенија и овошје, особено кај морковите и шарениот зеленчук, кој дава жолта и портокалова боја.
Името бета-каротен потекнува од грчкиот збор “beta” и латинскиот збор “carota” (морков). Тоа е жолто / портокаловиот пигмент кој им дава богати бои на зеленчукот и овошјето. H. Wachenroder го кристализирал бета-каротенот од корен од морков во 1831 година и го смислил името „каротен“.
Тоа е исклучително силен антиоксидант кој ефикасно ја штити кожата од УВ зрачење и е широко користен во кремите за заштита од сонце. Ја регенерира кожата, го забавува процесот на стареење, придонесува за хидратација и дава прекрасен бронзен тен. Конзумирањето храна богата со бета-каротен ја зголемува количината на меланин, пигмент на кожата што делува како природна заштита од штетни УВ зраци.
Постојат голем број начини на кои бета-каротенот може да биде корисен за здравјето на луѓето:
Бета каротен е антиоксиданс
Бета-каротен, како и сите каротеноиди, е антиоксиданс. Антиоксиданс е супстанција која ја инхибира оксидацијата на другите молекули; го штити организмот од слободни радикали.
Бета-каротен може да го забави когнитивниот пад
Мажите кои земале суплементи на бета-каротен 15 или повеќе години, се со помала веројатност да доживеат когнитивен пад од останатите мажи (истражување од Медицинскиот факултет на Харвард)
Бета-каротен ги одржува белите дробови здрави како што стареат луѓето
Истражувањата покажаа дека високото ниво на бета-каротен во крвта компензира некои од оштетувањата на белите дробови предизвикани од слободни радикали.
Храна богата со бета каротен:
Морковот е екстремно богат со бета-каротен и е најдобриот избор ако сакате да ја обоите кожата на природен начин.
Друга храна која е богата со бета-каротен: кајсии, аспарагус, брокула, кинеска зелка, лук, лисја од глуварче, грејпфрут, билки и зачини – чили во прав, оригано, паприка, магдонос, кељ, кечап,голем број на маргарини, кромид, грашок, пиперки, сливи, тиква, спанаќ и сладок компир.