Брза, вкусна и освежувачка салата со пченка и маслинки
Состојки:
- ГЛОБУС пченка со маслинки, 300 g
- 3 варени јајца, исечени на коцки
- ½ чаша мајонез
- 2 лажици ситно сецкан млад кромид
- ½ лажички чили пиперки
- ¼ лажички мелен ким
- Сол по вкус
Подготовка
Во голем сад измешајте ja пченката со маслинки и исечените варени јајца. Направете прелив од мајонез и зачини и измешајте со мешавината од пченка. Ставете во фрижидер најмалку 2 часа пред да послужите.
Добар апетит!
🍽️ 3 лица
⏰ 20 минути