Брзо и здраво фрапе со цвекло, моркови и јаболка
Состојки:
- ½ конзерва GLOBUS беби моркови od 400 g
- 150 гр. Обарено цвекло
- 2 јаболки
- 30 гр. ѓумбир
- Сок од 1 лимон
Подготовка
Излупете и исецкајте ги јаболката и ѓумбир, додадете го цвеклото и GLOBUS морковот, измешајте сѐ во блендер или со рачен миксер. Доколку фрапето е премногу густо , додадете вода по ваш вкус. Овој густ сок е многу погоден за деца поради сладкиот вкус на цвеклото и GLOBUS морковот.
Добар апетит!
🍽️ 2 лица
⏰ 15 минути