Веганска паела
Состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- 4 чешниња лук
- 1/2 кромид
- 1/2 црвена пиперка
- 1/2 зелена пиперка
- 2 домати
- 1 чаша замрзнат артичок (120 грама)
- ½ конзерва ГЛОБУС зелен грашок (150 g)
- 240 g басмати ориз
- 100 g тиквички исечени на коцки
- 4 чаши зеленчукова супа, 1 l
- 2 лажички куркума во прав
- 1 лажичка слатка пиперка
- Сол и црн бибер по вкус
Подготовка
Загрејте го маслото во тава на средно-висока температура, додадете лук и кромид и сецкани црвени и зелени пиперки и пржете додека не позлатат. Додадете ги исечканите домати и пржете уште 5 до 10 минути. Додадете артичок, боранија и грашок и варете уште 5 минути. Додадете го оризот и пржете додека не почне да станува транспарентен. Истурете ја супата од зеленчук, додадете куркума, слатка пиперка и сол и црн бибер по вкус. Добро измешајте ги сите состојки и пржете ја паелата на среден оган 15 до 20 минути или додека не се свари оризот. Оставете ја паелата покриена најмалку 5 до 10 минути пред да ја сервирате.
Добар апетит!
🍽️ 4 лица
⏰ 15 минути