Здрава овошна салата со киноа

Состојки:

  • 1 GLOBUS конзерва киноа, 150 g
  • 100 g боровинки
  • 100 g капини
  • 100 g малини
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица свежо сецкан босилек

Подготовка

Во голем сад измешајте GLOBUS киноа со боровинки, малини и капини. Во чаша, измешајте мед и сок од лимон и прелијте врз овошната салата. Измешајте и украсете ја салатата со сецкан свеж босилек. Свежо овошје, мешавина од мед, лимон и киноа, кои се исклучително здрави и полни со протеини и воедно даваат вкусна текстура на оваа салата, ќе ве освојат по првиот залак.

Добар апетит!

🍽️  4 лица
 15 минути

omlet sa povrćem