Канелони со спанаќ, павлака и панцета
Состојки:
- 1/2 конзерва GLOBUS спанаќ 765 гр
- 6 парчиња панцета
- 3 лажици крем сир (рикота или по избор)
- 1 лажица ситен пченичен гриз
- 150 гр кисела павлака (20%)
- 50 гр изрендан пармезан
- 1 кутија канелони
- сол и свежо мелен бибер
- маслиново масло
Подготовка
Вклучете ја рерната на 180 °C. Исецкајте ја панцетата на мали парчиња. Во посебен сад измешајте го GLOBUS спанаќот, крем сирот (рикотата), гризот и панцетата за да добиете хомогена смеса, додадете ги солта и биберот по вкус. Наполнете ги канелоните со добиената смеса. Измешајте ја киселата павлака и пармезанот и ставете еден слој во садот за печење, а потоа наредете ги канелоните. Премачкајте ги канелоните со остатокот од смесата од павлака и пармезан. Печете во рерна 20 минути или додека не добијат убава боја.
Добар апетит!
🍽️ 4 лица
⏰ 45 минути