Крем супа од зелен грашок
Состојки:
- 1 ГЛОБУС конзерва грашок, 400g
- 2 праза
- 1,5 – 2 dl павлака за готвење
- 3 дл пилешка супа
- Малку путер
- Сол и бибер
Подготовка
Исецканиот праз динстајте го на малку путер и додадете го исцедениот ГЛОБУС грашок. Истурете 3 dl
пилешка супа. Додека се вари зачинете по вкус. Намалете ја температурата, истурете ја павлаката и добро промешајте. За крај, искористете блендер за да се здобиете со кремаста мешавина. Декорирајте со неколку зрна грашок.
Добар апетит!
🍽️ 4 лица
⏰ 15 минути