Медитеранска салата со авокадо
Состојки:
- 1 конзерва GLOBUS MIX медитеранска мешавина, 400 g
- 12 чери домати
- 2 авокада
- 1 црвен кромид
- 2 лажици маслиново масло
- Сок од 1 лимон
- 2 чешниња лук
- Сол и бибер
Подготовка
Исечете ги чери доматите на половина, црвениот кромид и авокадото на коцки и ситно исечкајте го лукот. Извадете ја мешавината ГЛОБУС МИКС од конзервата и ставете ја во голема чинија за салата, а потоа додадете ги чери доматите, авокадото и црвениот кромид и лук. Посипете со маслиново масло и сок од лимон и зачинете со сол и бибер по вкус. Лесно промешајте ја салатата и послужете ја веднаш.
Добар апетит!