ГЛОБУС МИКС Мексиканска салата
Состојки:
- 1 конзерва од ГЛОБУС Мексички микс 300 g
- 1 глава виолетов кромид
- 4 чешниња лук
- 50 g панчета
- Сол и бибер по вкус
- Јаболков оцет
- Масло
Подготовка
Пропржете ја ситно исецканата панчета заедно со исецканиот лук, додајте ги виолетовите прстени од кромид и додадете малку сол за полесна подготовка. Додадете ја ГЛОБУС мексиканската мешавина и пржете неколку минути.
Зачинете ја салатата со јаболков оцет, малку маслиново масло, шеќер, сол, бибер и ситно сецкан лук. Салатата може да се јаде топла или ладна, како гарнир или мезе.
Добар апетит!
🍽️ 3 лица
⏰ 20 минути