Ориз и грашак
Состојки:
- 1 чаша интегрален ориз
- 1 конзерва ГЛОБУС грашок, 400 g
- 1 кромид, ситно исецкан
- Сол и бибер по вкус
- 3 лажици масло
- Пармезан по вкус
- Ситно сецкан магдонос
Подготовка
Исечете го кромидот и пржете на масло во голема тава. Додадете го претходно добро измиениот ориз и пропржете неколку минути. Додадете 2 чаши вода, сол и бибер по вкус, и варете на тивок оган додека не омекне оризот или испари водата. Додадете го грашокот, измешајте и зачинете со ситно сецкан магдонос и пармезан.
Добар апетит!
🍽️ 4 лица
⏰ 40 минути