Полнети тиквички со соја

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • ГЛОБУС Соја, 100 g
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 лажичка мелени зачини по ваш избор (коријандер, кардамон, ким)
  • 1 лута пиперка ситно сецкана
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 грст свеж коријандер
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка

Варете ја тиквицата додека не омекне, потоа преполовете ја и извадете го внатрешниот дел. Во маслиново масло кратко пропржете куркума, зачини во прав, чили пипер, додадете ГЛОБУС соја, сецкани листови од коријандер, сок од лимон, сол и бибер по вкус и пржете неколку минути. Наполнете ги тиквичките и печете во рерна околу 5 минути додека не станат крцкави.

Добар апетит!

🍽️  2 лица
 30 минути

omlet sa povrćem