Прокељ со бел грав и пекорино

Состојки:

  • 8 лажици маслиново масло
  • 1 kg прокељ, преполовени по должина
  • 6 чешниња лук
  • 1 шоља пилешка супа
  • 1 конзерва GLOBUS бел грав
  • 2 лажици путер
  • 1 шоља грубо изрендан пекорино

Подготовка

Загрејте 3 лажици масло во тавата, додадете половина прокељ и пропржете го на висока температура, повремено мешајќи додека не порумени околу 5 минути. Другата половина на прокељот пропржете ја на 3 лажици масло на пониска температура, со повремено мешање уште околу 5 минути. На преостанатите 2 лажици масло, на висока температура пропржете лук со постојано мешање, околу 1 минута. Во голем сад ставете го целиот прокељ, додадете пилешка супа и пропржен лук. Варете додека прокељот не омекне со често мешање, околу 3 минути. Додадете грав и путер, мешајте додека не се стопи путерот, зачинете со сол и бибер и замешајте сирење пекорино.

Добар апетит!

🍽️  6 лица
 30 минути

omlet sa povrćem