Салата од бел грав

Состојки:

  • 2 чаши ГЛОБУС бел грав, 326 g
  • 1/2 чаша кисели краставички, ситно сецкани
  • 1/2 чаша маслинки, ситно сецкани
  • Чаша домати, сецкани на коцки
  • 1 чаша црвена пиперка исечена на ленти
  • 1 чаша тенко исечен црвен кромид
  • ¼ чаши свеж сок од лимон
  • Лажичка оцет
  • 5 лажици маслиново масло
  • Сол, бибер по вкус

Подготовка

Во голема чинија измешајте бел грав ГЛОБУС, краставица, домат, црвена пиперка и црвен кромид. Во мал сад, направете прелив од оцет, сок од лимон, маслиново масло, сол и бибер по вкус. Пренесете го преливот во сад со грав и зеленчук, измешајте и оставете да се излади најмалку еден час во фрижидер.

Добар апетит!

🍽️  6 лица
 90 минути

omlet sa povrćem