Салата од спелта, моркови и јаболка
Состојки:
- 1 конзерва ГЛОБУС спелта 150 гр
- 2 моркови
- 1 јаболко
- 80 гр суво грозје
- 80 гр ореви
- 30 гр свеж млад спанаќ
СОС
- 1 лимон – сок и рендана кора од лимон
- 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
- ½ лажица зачин од лута пиперка (по желба)
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка свежо мелен пипер
- 3 лажици маслиново масло
Подготовка
Исецкајте го морковот на делчиња и јаболкото на резенки.
Измешајте ги сите состојки за сосот во сад. Во подлабок сад, измешајте ги ГЛОБУС спелтата, морковот и јаболкото, додадете го сувото грозје и исецканите ореви, а потоа прелијте го сосот врз нив и убаво измешајте. Зачинете по вкус. Покријте го садот и оставете го да отстои во фрижидер околу 2 часа. Извадете го од фрижидерот 15 минути пред сервирање, додадете го исецканиот млад спанаќ и повторно промешајте.
Добар апетит!
🍽️ 3 лица
⏰ 20 минути