Светскиот ден на вегетаријанците е прогласен на 1 октомври 1977 година и оттогаш, на тој ден, вегетаријанците и сите оние кои од било која причина го прифаќаат овој начин на исхрана го прославуваат низ целиот свет.

Зборот вегетаријанство потекнува од латинскиот збор vegetus, што значи здрав, свеж и исполнет со живот.

Вегетаријанството е начин на исхрана заснована на добивање хранливи материи од храна од растително потекло што вклучува широк спектар на житарици, мешунки, овошје и зеленчук, дури и некои млечни производи и јајца, но без животинско месо и риба

Вегетаријанството било познато уште во античка Грција, кога Питагора и неговите следбеници, од религиозни и етички причини, ги елиминирале месото и рибата од нивната исхрана („Питагоровата диета“). Првата вегетаријанска заедница е основана во Англија во 1847 година и оттогаш бројот на вегетаријанци и вегетаријански општества ширум светот расте секојдневно.

dan na vegetarijanstvoto

Еве само некои од славните личности кои биле вегетаријанци: Мохандас Ганди, Гаутама Буда, Питагора, Платон, Леонардо да Винчи, Волтер, Мери Шели, Лав Николаевич Толстој, Франц Кафка, Џорџ Бернард Шоу, Џон Колтрајн, Алберт Ајнштајн …

Луѓето го прифаќаат вегетаријанскиот начин на живот од различни причини, како што се:

  • етички проблеми при убиство на животни, односно заради заштита и љубов кон животните,
  • здравствени причини поврзани со придобивките од диетата без месо,
  • религиозни причини,
  • духовни причини,
  • еколошки причини и
  • економски причини.

Постојат неколку видови на вегетаријанци:

  • Вегетаријанци кои не јадат месо.
  • Вегани кои целосно ја отфрлаат храната од животинско потекло, вклучувајќи јајца, млечни производи и мед.
  • Сурови вегани кои јадат само сурова растителна храна, претежно овошје, зеленчук, ореви, семиња и житарки.
  • Макробиотичари чија диета се заснова само на цели зрна и органски одгледувани мешунки
  • Фрутаријанците јадат само овошје и семиња
  • И радикални фрутаријанци кои јадат само плодови од овошје штотуку паднати на земја.

Вегетаријанската диета има свои предности и недостатоци. Придобивките се поврзани со намалување на концентрацијата на маснотии во крвта, благодарение на што вегетаријанците имаат просечно помала телесна тежина, понизок крвен притисок и имаат помала веројатност да страдаат од тип 2 дијабетес.

Недостатоците на вегетаријанската исхрана понекогаш се поврзани со помал внес на протеини. Сепак, студиите покажаа дека вегетаријанскаta диета која вклучува соја, леќа, киноа, жито од коноп е диета богата со сите есенцијални аминокиселини неопходни за задоволување на дневните потреби дури и на спортисти. Недостатокот на омега 3 масни киселини кои служат за спречување на кардиоваскуларни болести може да се компензира со конзумирање јаткасти плодови.

Добро испланирана и урамнотежена вегетаријанска исхрана која вклучува зеленчук, овошје, цели зрна, мешунки, јаткасти плодови и семиња ги обезбедува сите потребни хранливи состојки за здрав живот.

sreken dan na vegetarijanstvoto