Солени мафини со GLOBUS KIDS млад грашок и морков
Состојки:
- 100 g интегрално пченично брашно
- 100 g интегрално пченкарно брашно
- 2 јајца
- 50 g крем сирење
- 100 ml јогурт
- GLOBUS KIDS Млад грашок со ситен морков, 200 гр
- Малку сол
- 50 ml масло за јадење
- 1 лажичка прашок за пециво
Подготовка
Во мал сад промешајте ги двата типа брашно, сол и прашок за пециво. Во друг сад изматете ги јајцата, додадете крем сирење, јогурт и масло за јадење и мешајте додека не се соединат состојките. Помешајте ги сувите и мокри состојки и додадете во смесата GLOBUS KIDS Млад грашок и морков. Во сад за печење на мафини ставете хартиени корпички за мафини и ставете го тестото до 2/3 височина. Мафините се печат во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20 минути. Проверете со чепкалка дали се мафините печени и допечете по потреба уште малку. Од оваа количина се добиваат 12 мафини.
Добар апетит!
🍽️ 4 лица
⏰ 40 минути

