Супа од грашок со сланина во огноотпорни шољи
Состојки:
- 1 конзерва GLOBUS грашок од 400 g
- 4 резенки сланина
- 2 лажици свежа павлака
- 1 коцка пилешка супа
- 2 лажици маслиново масло
- 2 млади кромидчиња
- свежо нане
- сол и свежо мелен бибер
Подготовка
Во сад за готвење ставете да се вари 1 литар вода со коцката пилешка супа. Во друг сад испржете го исецканиот млад кромид со малку маслиново масло. Додадете го исцедениот грашок и павлаката, пропрежете и додадете ги на пилешката супа. Додадете сол и бибер по вкус и варете уште 5 минути. Оставете неколку лажици грашок, а останатото изблендирајте го. Послужете во огноотпорни шољи, украсете со неколку листови нане и додадете ги зрната грашок. Испржете ги резанките сланина без додавање на масло и ставете ги во супата во шољите.
Добар апетит!
🍽️ 4 лица
⏰ 20 минути