Супа од пченка, киноа и црвена пиперка

Состојки:

  • 1 конзерва ГЛОБУС слатка пченка, 340 g
  • 50 g ГЛОБУС киноа
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 жолт кромид, ситно сецкан
  • 1 голема црвена пиперка (или две мали)
  • Сок од 2 лимети + сок од 1 лимон
  • 3 лажици сецкан коријандер
  • 1 литар супа од зеленчук
  • 1 авокадо
  • Сол и свежо мелен бибер

Подготовка

Исцедете ја конзервата ГЛОБУС слатка пченка. Исецкајте ја црвената пиперка на коцки. Во загреана тава исушете ја киноата 3 минути на средна температура и пренесете ја во голем сад. Во подлабок сад, загрејте го маслиновото масло и додадете го исецканиот кромид , потоа пиперката и мешајте 3 минути. Додадете ја пченката, супата од зеленчук и киноата, зачинете со сол и бибер и на средна температура оставете да се готви 10 минути. На половина време, додадете го сокот од лимета и исецканиот коријандер. Излупете го авокадото, исецкајте го и измешајте го со сокот од лимон.

Сервирајте ја супата топла заедно со кремот од авокадо!

Добар апетит!

🍽️  4 лица
 45 минути

omlet sa povrćem