Суфле од спанаќ
Состојки:
- 1 конзерва GLOBUS спанаќ 400гр
- 4 жолчки
- 5 белки + 1 прстофат сол
- 40 гр брашно + 1 лажица за попрскување на калапите за суфлето
- 40 гр солен путер + 15 гр за премачкување на калапите
- 50 гр изрендан кашкавал
- 50 гр изрендан пармезан
- 250 мл кисела павлака
- 100 мл млеко
- Сол и свежо мелен бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 240 ° . Калапите за суфле намачкајте ги со путер и попрскајте ги со брашно. Во тавче стопете го путерот на средно јака топлина, додадете го брашното, павлаката и млекото со постојано мешање. Тргнете го тавчето од ринглата, оставете да се олади пред да ги додадете жолчките, кашкавалот и пармезанот и измешајте.
Нежно измешајте го спанаќот и додадете сол и бибер по вкус. Измиксирајте густ снег од белките и додадете го постепено во смесата од спанаќот. Посипете го суфлето во мали калапи до ¾ висина. Печете ги веднаш 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 210 ° C останатите 10 минути. Не ја отварајте рерната во текот на печењето.
Добар апетит!
🍽️ 4 до 6 лица
⏰ 40 минути

