Торта од грав
Состојки:
- 1 конзерва GLOBUS бел грав, 400 гр
- 150 мл мед
- Семе од 1 ванила стапче
- 4 jајца
- 100 гр мелени бадеми
- 2 лажички прашок за пециво
- 100 гр кокосово масло
- сол
- 200 мл слатка павлака
Подготовка
Загрејте ја рерната на 190 ° C и подмачкајте ја округлата тава за торта (20цм) , а дното покријте го со хартија за печење. Исцедете и исплакнете го гравот. Во блендер изблендирајте ги гравот, медот и семето од ванила додека не се изедначи. Потоа додадете ги јајцата едно по едно. Смесата претурете ја во поголем сад, а потоа додадете ги мелените бадеми, прашокот за пециво, кокосовото масло и солта и убаво измешајте.
Смесата ставете ја во тавата и печете 30 до 40 минути. Тортата е печена кога ќе порумени од горната страна, цврста на допир, а чепкалката излегува чиста. Извадете ја од рерната, оставете ја да се олади 5 минути. Откако ќе се олади, пресечете ја тортата на половина, филувајте ја со изматената слатка павлака и украсете ја со кора од лимон.
Добар апетит!
🍽️ 4 до 6 лица
⏰ 40 минути