Кратка историја на конзервирање

Конзервирањето на храната датира уште во далечното минато кога луѓето на различни начини се обидувале да ја сочуваат храната од расипување и да го сочуваат нејзиниот изворен квалитет. Жителите во поладните предели ја замрзнувале храната, додека во потоплите краеви храната се сушела и се димела на високи температури и ветер, за да биде достапна во текот на целата година, а не само во времето кога е созреана.

Процесот на конзервирање на храната на начин сличен на денес датира од крајот на XVIII век, кога Наполеон Бонапарта, сакајќи да пронајде поефикасен начин на исхрана на својата војска, понудил 12.000 франци на оној кој ќе пронајде нов метод на сочувување на храната.

konzerviranje ednas i segad
nikolas aper

Апертизација

Никола Апер, готвач и слаткар, ја развил првата техника на конзервирање на храна и за неа добил награда од кралот Наполеон Бонапарта. Апер сметал дека храната се расипува со изложување на воздух, додека со варење на храната и нејзино пакување во шишиња и тегли се уништуваат бактериите што подоцна е и научно докажано од страна на Луј Пастер кон крајот на XVIII век кој открил дека високата температура ги уништува микроорганизмите , примарните причинители на расипување на храната. Апер ја варел храната, херметички ја затварал во стаклени тегли со восоки повторно ги варел. Оваа метода е наречена по него „апертизација„ и со неа успешно конзервирал овошје, зеленчук, супи, мармалад, млечни производи и сокови.

Француската морнарица прва ги тестирала неговите конзервирани производи вклучувајчи ги месото, зеленчукот, овошјето и млекото, а масовната примена започнала во втората половина наXIX век. Никола Апер го објавил и првиот готвач за конзервирање „Уметност на чување на месото и зеленчукот„.

Поради својот придонес во конзервирање на храната, Апер е прогласен за херој во Франција. Вкупно 72 улици го носат називот според неговото име, издавани се поштенски марки со неговиот лик, а во 2010 година свечено се одбележани два века од официјалното започнување на употреба на неговиот пронајдок за конзервирање на храна.

франција и конзервирање
konzerviranje

Конервирањето денес

Процесот на конзервирање варира од производ до производ, но генерално се состои од:

  • Машинска обработка (чистење, лупење, сечење),
  • Затворање (преработена храна е затворена во лименки) и 
  • Термичка обработка (лименки се загреваат за да се уништат микроорганизмите и да се спречи расипување).

Најчесто конзервирана храна е овошје, зеленчук, супи, месо и морска храна.

GLOBUS и иновативна технологија на конзервирање

Вакумирање и лесно отварање на конзервите

Нашите конзервирани производи содржат повеќе суровина од традиционалните поради вакумската технологија. Покрцкави, повеќе хранливи состојки, повеќе боја и едноставно повече зеленчук.

Технологијата на лесно отворање денес е широко применета. Ние ја користиме кај сите наши производи. Со нас оторањето е лесно.