Солени мафини со GLOBUS KIDS млад грашок и морков

Состојки:

  • 100 g интегрално пченично брашно
  • 100 g интегрално пченкарно брашно
  • 2 јајца
  • 50 g крем сирење
  • 100 ml јогурт
  • GLOBUS KIDS Млад грашок со ситен морков, 200 гр
  • Малку сол
  • 50 ml масло за јадење
  • 1 лажичка прашок за пециво

Подготовка

Во мал сад промешајте ги двата типа брашно, сол и прашок за пециво. Во друг сад изматете ги јајцата, додадете крем сирење, јогурт и масло за јадење и мешајте додека не се соединат состојките. Помешајте ги сувите и мокри состојки и додадете во смесата GLOBUS KIDS Млад грашок и морков. Во сад за печење на мафини ставете хартиени корпички за мафини и ставете го тестото до 2/3 височина. Мафините се печат во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20 минути. Проверете со чепкалка дали се мафините печени и допечете по потреба уште малку. Од оваа количина се добиваат 12 мафини.

Добар апетит!

🍽️  4 лица
 40 минути

omlet sa povrćem