Строг процес на селекција како гаранција за најдобар квалитет!

Зеленчукот го береме кога е зрел и за обработка поминува низ строг процес на селекција. Свежиот зеленчук, по бербата, избран според сортата, степенот на зрелоста и големината, се преработува во рок од неколку часа.

Се тргаат непотребните делови (зелениот дел на главата, лисјата, корените и сл.), нечистотијата и микроорганизмите.

А понатамошниот тек на обработка е…Пред бланширањето, по потреба се сече на парчиња, коцки, ленти или кругови. Така подготвено се става во конзерва, се полева со солен раствор, се вакумира, затвара и стерилизира на температура над 100 °С во тек на 10 – 15 мин. Вкупниот процес на термичка обработка е 40 – 70 мин. Веднаш по стерилизирањето се лади, се подложува на проверка на сензорни / органолептички и физички параметри на производот, односно термостатна проба и се става во магацин.