Италијанска салата со шунка, сирење и зеленчук
Состојки:
- Шунка – 300 гр
- Домати – 2 парч
- Пиперки – 2 парч
- Макарони – 400 гр
- Конзерва GLOBUS грашок – 300 гр
- Сирење- 200 гр
- Мајонез – 30 гр
- Сол и бибер по вкус
Подготовка:
Сварете ги макароните (ригатони или спирали) во солена вода, процедете ги и оставете ги да се оладат. Исецкајте ги доматите и пиперките на коцкички, шунката на тенки ленти, а сирењето изрендајте го. Додадете го GLOBUS грашокот од конзервата. Измешајте ги сите состојки со мајонезот и додадете сол и бибер по вкус. Декорирајте ја салатата со ситно сецкан магдонос. Италијанската салата со шунка, сирење и зеленчук можете да ја послужите како гарнир, салата или ужинка.
Пријатно!
Дел: 4 особе
Време на подготовка: 40 мин