Марокански грав
Потребно Ви е:
- 2 конзерви ГЛОБУС грав
- 4 домати
- 2 главици кромид
- 4 чешниња лук
- 2 лажици ѓумбир во прав
- 1 лажичка бибер
- 1 лажица чили или црвен пипер
- 1/2 лажица сол
- 2 литри вода
- Маслиново масло
- Свеж коријандер
Подготовка:
Исечете ги доматите, кромидот и лукот. Во тенџере со зовриена вода ставете го Глобус гравот, исечените домат, кромид и лук. Додадете зачини: ѓумбир во прав, бибер, чили или црвен пипер и сол.
Варете околу 30-40 минути на ниска температура додека смесата не се згусне. Украсете го оброкот со свеж коријандер и додадете малку маслинов зејтин.
Пријатно!
Дел: 4 лица
Време на подготовка: 60 мин

