Мексички тортиљи

Состојки:

  • 1/2 кг пилешки гради
  • GLOBUS пченка 340 g
  • GLOBUS црвен грав 340 g
  • 2 помали црвени пиперки
  • 1 главица кромид
  • 4 до 5 чешниња лук
  • Сол и бибер по вкус
  • 4 тортиљи

Подготовка

Пилешките гради исечете ги на мали коцки и испржете ги на малку масло, пропржете го претходно исецканиот кромид и лук, додајте го испженото пилешко месо, зачинете со сол и бибер, ставете малку бело вино за вкус, додајте ги исечените пиперки и гответе десетина минути. Додајте ги GLOBUS пченката и GLOBUS црвениот грав. По желба додајте малку павлака за готвење. Наполнете ги загреаните или малку потпечените тортиљи со оваа смеса.

Пријатно јадење!

Дел: 2 лица
Време на подготовка: 20 мин

omlet sa povrćem