Пица со зеленчук
За тестото за пица Ви е потребно:
Za testo za picu vam je potrebno:
- 250гр брашно
- 10гр свеж квасец
- 1 лажичка маслиново масло
- 160мл топла вода
- Прстофат сол
Фил за пица:
- 3-4 печурки
- 1 црвена пиперка
- 1 ГЛОБУС пченка
- лажици сос од домати
- Пармезан
- 3-4 сушени домати
- Црни маслинки
- Рукола
- Лажичка маслинов зејтин
Подготовка:
Во голема чинија измешајте 160мл млака вода и квасец и оставете да отстои околу 10мин. Додадете 2 лажички маслинов зејтин, 250гр брашно и сол и мешајте додеја смесата не се формира во тесто. Формирајте го тестото во топка. Малку премачкајте со масло од страна и дното на ванглата, потоа додадете го тестото и него премачкајте го со малку масло. Покријте го тестото и оставете го да се подига во топло место додека не стане двојно поголемо, околи 1 час. Земете го тестото и поделете го на 4 дела. Секој дел развлечете го на рамна површина претходно посипана со брашно и направете го во круг со дијаметар 25см и дебелина 0,3см. Ставете го сосот од домати, додајте малку маслинов зејтин и пармезан. Исецкајте ги печурките, пиперката, маслинките и сушените домати. Ставете се на пицата, Посипете со 2-3 лажици пченка од конзервата Глобус на врвот на пицата. Печете во рерна на 200 степени околу 15 мин. Украсете со рукола.
Пријатно!
Дел: 4 лица
Време на подготовка: 120 мин