Здрава исхрана / пирамида на исхраната

Луѓето уште во далечното минато знаеле дека храната има големо значење за човечкото здравје и живот.

Се што внесуваме со храната во нашиот организам не гради и менува, од тоа зависи нашата сила, здравје и живот. “Нека вашата храна биде вашиот лек, а вашиот лек да биде храната” е изрека на познатиот антички грчки доктор од островот Кос, Хипократ.

Денес сме секојдневно во различни медиуми бомбардирани со совети за здрава исхрана и нејзиното значење. Некогаш заморот, безволноста и болеста не тераат исто така да запрашаме – “Што е здрава исхрана и како може да ни помогне да се чувствуваме подобро, порасположено и поздраво?”

“Нека вашата храна биде вашиот лек, а вашиот лек да биде храната”

Правилна, односно здрава исхрана, во кратки црти, може да се дефинира како разновидна исхрана но конзумирана во соодветни количини, кои ги покриваат дневните енергетски потреби на поединецот. Здравата исхрана ни дава енергија, ни го чува здравјето и ни овозможува да уживаме во животот, да учествуваме во многу физички активности. Здравата исхрана не прави поубави бидејќи убавиот надворешен изглед е одраз на здрав организам.

хипократ
zdrava hrana zdrav zivot

Еден од најчестите методи на илустрирање на правилниот начин на исхрана е пирамидата на исхрана.

Пирамидата на исхрана сликовито ги прикажува раѕличните групи на храна кои треба да бидат застапени во секојдневната исхрана за да му ги обезбедат на организмот потребните состојки за нормално функционирање.

За секојдневната исхрана потребни ни се ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ, МАСТИ, ПРОТЕИНИ (БЕЛКОВИНИ), ВИТАМИНИ и МИНЕРАЛИ. Нема забранета храна, но се внесува во правилни количини. Количината на видот на храна е индивидуална и зависи од состојбата на организмот, здравјето, возраста, полот, физичките активности, хронични болести и сл.

  1. Во основата на пирамидата се наоѓа храната која треба да биде основа на секојдневната исхрана, а тоа се житарки, леб, компир, тестенини, ориз, качамак и други пченкарни производи. Препорака е внесување на 6 пoрции житарки.
  2. Овошјето и зеленчукот се наоѓаат на второто ниво на пирамидата; тие се богати со витамини, минерали, антиоксиданси и диетални влакна и го спречуваат оштетувањето и стареењето на организмот. Зеленчукот не содржи холестерол и многу масти и калории. Секојдневно се препорачува внесување на 2 порции овошје и 3 порции зеленчук.
  3. Млекото и млечните производи се богати со калциум кој е потребен за раст, развој и одржување на коските, регулирање на некои функции на мускулите и има важна улога во правилното работење на кардиоваскуларниот систем. Препорака е внесување на 3 порции дневно.
  4. Месо, риба, јајца, полномасни сирења и овошје со коски се важен извор на протеини, кои се основен градежен елемент потребен за раст и регенерација на сите живи ќелии во организмот. (2 порции)
  5. На врвот на пирамидата се наоѓа храната, која, како концентриран извор на енергија, за балансирана исхрана, треба да се внесува во минимални количини, а тоа се масти, зејтин, шеќер, слатки и грицки.
пирамида на исхраната

Пожелно е да внесот на храна биде поделен во пет оброци, три главни (доручек, ручек и вечера) и две ужинки, иако во денешно време брзото темпо на животот често го оневозможува почитувањето на ова правило.

Освен наведените општи принципи за правилна исхрана не смее да се заборави правилната хидратација, односно внесувањето на течности. Потребно е да се пие секој ден од 1,5-2 литри течности. Внесувањето на течности може да биде и поголемо, во зависност од потребите на организмот, пр. кај интензивниот физички напор кај професионалните спортисти. Водата треба да се пие помеѓу оброците, а не во текот на оброкот, кога внесувањето на водата ја разредува желудниковата киселина потребна за нормално варење на храната.

Многу важен елемент на здравата исхрана е воведување на физичка активност, како важен елемент на правилна исхрана и начин на живот воопшто.