Витамин Б1 за здрави нерви

Витаминот Б1 (тиамин)

Витаминот Б1 (тиамин) е еден од 8-те витамини од групата Б-комплекс кои се неопходни за нормално функционирање на нервниот, мускулно-скелетниот и кардиоваскуларниот систем.

Витаминот Б1 е растворлив во вода, организмот не го задржува, па затоа е важно секој ден да консумираме храна богата со тиамин.

Витамин Б1 за здрави нерви
sportista na krugovima

Функција на витамин Б1 во метаболизмот

Учествува во метаболизмот на јаглени хидрати и нивно претворање во гликоза, така што има директно влијание врз нивото на енергија потребна на организмот во текот на денот. Недостатокот на витамин Б1 доведува до слабост, замор, психоза и оштетување на нервите. Потребите за витамин Б1 се индивидуални и се зголемуваат во услови на забрзан метаболизам, предизвикано од покачена телесна температура и зголемена активност на мускулите, особено кај спортисти со интензивни тренинзи.

Тиамин исто така го стимулира формирањето на црвените крвни зрнца, помага при варењето и го зголемува апетитот.

Храна богата со витамин Б1

Витаминот Б1 е присутен во многу производи од растително и животинско потекло. Најдобри извори на витамин Б1 се семки од сончоглед, мешунки (леќа, грашок, грав), пивски квасец, интегрални житарки (киноа, спелта), трици, кикиритки, свинско месо, зеленчук (зелка, спанаќ, зелена салата, прокељ, модар патлиџан).

киноа
храна богата со тиамин

Препорачана дневна доза на Витамин Б1

За возрасни

  • Мажи над 14 години – 1,2 мг
  • Жени над 14 години – 1 мг

За деца

  • Доенчиња (0-12 месеци) – 0,2-0,3 мг
  • 1-3 години – 0,5 мг
  • 4-8 години – 0,6 мг
  • 9-13 години – 0,9 мг

Ова се приближни дневни дози на Витамин Б1 и се разликуваат во зависност од телесната тежина , физичката активност , здравјето , потрошувачката на лекови и други фактори. Основниот рецепт за здрава хранаа е умерена  и урамнотежена исхрана.