Веганска паела

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1/2 кромид
  • 1/2 црвена пиперка
  • 1/2 зелена пиперка
  • 2 домати
  • 1 чаша замрзнат артичок (120 грама)
  • ½ конзерва ГЛОБУС зелен грашок (150 g)
  • 240 g басмати ориз
  • 100 g тиквички исечени на коцки
  • 4 чаши зеленчукова супа, 1 l
  • 2 лажички куркума во прав
  • 1 лажичка слатка пиперка
  • Сол и црн бибер по вкус

Подготовка

Загрејте го маслото во тава на средно-висока температура, додадете лук и кромид и сецкани црвени и зелени пиперки и пржете додека не позлатат. Додадете ги исечканите домати и пржете уште 5 до 10 минути. Додадете артичок, боранија и грашок и варете уште 5 минути. Додадете го оризот и пржете додека не почне да станува транспарентен. Истурете ја супата од зеленчук, додадете куркума, слатка пиперка и сол и црн бибер по вкус. Добро измешајте ги сите состојки и пржете ја паелата на среден оган 15 до 20 минути или додека не се свари оризот. Оставете ја паелата покриена најмалку 5 до 10 минути пред да ја сервирате.
Добар апетит!

🍽️  4 лица
 15 минути

omlet sa povrćem